• Саше Љолес

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, откри дека капата со натписот „Make Spain Great Again“ која ја носеше за време на прославата на светската титула немала никаква политичка порака.
Фотографијата од прославата во Мадрид привлече големо внимание поради сличноста со познатиот слоган „Make America Great Again“ на американскиот претседател Доналд Трамп.
Торес објасни дека станувало збор само за шега и прослава на успехот на шпанската репрезентација.
„Тоа беше забавен момент. Немаше никаква врска со политика. Искрено, не сум човек кој се разбира во политика. Сакавме само да ја прославиме Шпанија како светски шампион и да уживаме со пријателите и семејството“, изјави фудбалерот.
Торес беше еден од хероите на Шпанија во финалето на Светското првенство, каде што со својот погодок помогна репрезентацијата да стигне до историската втора планетарна титула.



