Херојот на Панама направи шоу, скокна да слави со Анри и му викаше: „Ти си ми идол“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Панама направи изненадување победувајќи во полуфиналето на КОНКАКАФ Лигата на нации против САД со 1-0. Овој триумф ги одведе во борбата за трофејот против Мексиканците. 

Херој во победата беше Сесилио Вотерман, а тој стана хит со прославата на победничкиот погодок. Вотерман откако даде гол, скокна преку рекламите и заврши во импровизираното студио во кое беше Тиери Анри, Кејт Абдо и Мика Ричардс.

Стрелецот и целиот тим на Панама прослави заедно со француската легенда Анри кој беше во шок од ситуацијата.

Додека славеше Вотерман нешто извикуваше, а Анри откри дека тој му кажал: „Ти си ми идол“.