• Саше Љолес

Напаѓачот на Олимпијакос, Ајуб Ел Каби, официјално е избран за најдобар играч во овогодинешното издание на Конференциската лига на УЕФА.
Мароканецот беше вистински предводник на грчкиот гигант кон првата историска европска титула и придонесе со вкупно единаесет голови, меѓу кои и победоносниот во финалето против екипата на Фиорентина.
30-годишниот Ел Каби е дел од Олимпијакос од минатата година и успеа да забележи одличен учинок од 28 постигнати голови, со што бргу стана миленик на навивачите. Тимот од Атина сосема заслужено ја освои титулата во Конференциската лига и најави светли денови во рамки на евро-куповите.