Херојот на Хрватска: Бевме како лавови, такви ќе бидеме и во финалето!

Марио Манџукиќ е новиот херој на Хрватска, иако се чини дека сите фудбалери на „коцкестите“  ја заслужуваат таа титула. На денешното полуфинале против Англија, Манџукиќ беше стрелец на одлучувачкиот гол против Англија, а по натпреварот изјави:

„Неверојатно, ние сè уште не сме свесни. Ова е чудо. Одигравме храбро и се вративме против Англија, а така тоа го правиме во текот на целиот турнир. Во овие моменти едноставно уживаме, а од утре веќе ќе се подготвуваме за финалето. Бевме како лавови, а такви ќе бидеме и во финалето“.

Хрватска во неделното финале против Франција ќе бара еден вид на одмазда за поразот во полуфиналето на Мундијалот во Франција, токму од „триколорите“.