• Горан Упале
Екипата на Фиорентина извојува нова победа во Серија А и со минимални 1-0 го совлада тимот на Каљари. По тажните сцени на претходниот натпревар и животната драма со Едуардо Бове, „виолетовите“ на фудбалскиот терен се вратија со значајни три бода. Херој на натпреварот беше Данило Каталди, кој го постигна единствениот погодок.
По победата Каталди призна дека пред натпреварот му ветил на Бове дека ќе постигне гол за него.
„Знам дека му значи, пред натпреварот му кажав - гледај на телевизија, ќе дадам гол за тебе. Ми врати дека тоа нема да се случи, па бев многу среќен кога топката ја видов во мрежата. Тоа што го извикував при прославата беше за него“, изјави Каталди, кој пред камерите неколкупати повторуваше „Ти кажав, ти кажав...“
Како што е познато Бове минатата недела доживеа срцев удар на натпреварот против Интер и засега не е познато кога и дали ќе се врати на фудбалските терени.