• Горан Упале

Екипата на Динамо Загреб освои огромни три бода на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите, откако со минимални 1-0 славеше над лондонски Челзи.
Херој на „модрите“ беше Мислав Оршиќ кој погоди уште во 13. минута и така го постигна својот петти гол во европската елита.
На напаѓачот на Динамо му беа потребни само седум натпревари за да стигне до бројката од пет постигнати гола во Лигата на шампионите, нешто што не им успеало на бројни фудбалски ѕвезди.
За споредба, за првите пет гола во Лигата на шампионите, на Карим Бензема му беа потребни девет натпревари, на Роберт Левандовски 11, на Лионел Меси 16, а на Кристијано Роналдо дури 32.