Херојот на Црвена Звезда во изборот за најдобар играч и гол на колото во ЛШ

Милан Павков е апсолутен херој на Црвена Звезда, по двата гола на „Рајко Митиќ“, кои беа доволни за историска победа над англискиот гигант Ливерпул во рамки од четвртото коло на Лигата на шампионите. 

Фудбалерот на „црвено-белите“ се најде во центарот на вниманието кај фудбалската јавност ширум Европа, и поради тоа заслужено е дел од изборот за најдобар играч на 4. коло. Нему конкуренција ќе му бидат ѕвездите на Манчестер Сити, Тотенхем и Реал Мадрид - Марез, Кејн и Бензема. МВП фудбалерот на колото го избираат фановите, а вие својот глас можете да го дадете на ОВОЈ линк. 

Што се однесува до изборот за најатрактевин гол на колото, во истиот имаше место и за Павков, за вториот погодок против Ливерпул. Офанзивецот на српскиот шампион во во овој избор се најде во друштво на Роналдо, Стерлинг и Отавио, а својот глас можете да го дадете на ОВОЈ линк.