Херојот на Брера: Господ нè награди за машката борба

Мартин Ѓорѓиевски со гол во 92. минута донесе огромна победа на Брера на денешното соочување со Воска Спорт. Капитенот на селекцијата до 19 години на Македонија ја искористи можноста и го постигна победоносниот погодок, а по натпреварот истакна дека господ ги награди за машката борба.

„Среќен сум на погодокот со кој Брера забележа многу важна победа. Се боревме и господ нè награди. Се надевам дека и следниот натпревар вака ќе се бориме, машки и ќе запишеме нови бодови“, рече творецот на победата на струмичани.

Свое видување за натпреварот даде и капитенот Марко Алчевски.

„Доста тежок натпревар за нас, така и очекувавме. Постигавме гол во самиот финиш и со тоа победата беше послатка. И противникот имаше свои шанси, но не ги искористи. Ние успевме да ја искористиме нашата и борбата за опстанок продолжува“, рече капитенот.

Брера во следното коло ја чека тешко гостување кај Гостивар.