• Иван Димовски
Барселона се радуваше во дербито на колото во шпанската Примера, славејќи минимално со 1-0 (0-0) против Атлетико Мадрид.
Судбината посака човек на одлука да биде Жоао Феликс, португалското крило кое е на позајмица во Барса токму од Атлетико. Иако е технички уште фудбалер на мадриѓани, Жоао Феликс бурно го прослави голот против овој клуб.
Интересно, Феликс скокна на рекламите кои стојат зад голот и ги рашири рацете, а фотографите уловија интересен момент. Имено, Португалецот го слави голот пред старото македонско знаме со „сонцето на Кутлеш, а на него е испишано „Фан клуб Струмица“. Познато е дека од овој град Барселона има верни навивачи кои редовно се присутни на натпреварите.