Херојот Едер се враќа во Португалија, поради повреди отпаднаа неколку ѕвезди

Селекторите на европските репрезентации полека ги откриваат адутите со кои ќе атакуваат на последните бодови во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. 

Актуелниот владетел на стариот континент, Португалија, нема право на кикс на следните два меча и против Литванија и Луксембург мора да ги освои сите шест бода доколку сака да обезбеди место на овој собир.

Селекторот, Фернандо Сантос го објави списокот на фудбалери, со кои Португалија ќе настапи на овие два меча, а иако на истиот недостасуваат неколку ѕвезди, делува многу моќен. Поради повреди не беа повикани, Жоао Феликс, Вилијам Карваљо, Гуедеш, Рафа Силва и се разбира Андре Гомеш, но во селекцијата се враќа херојот од Европското првенство во 2016 година, Едер. 

  • Списокот на Португалија: 

Европските Бразилци ноемврискиот циклус го отвораат со Литванија пред својата публика (14 ноември), додека три дена подоцна гостуваат кај Луксембург. Во групата Б, Украина веќе обезбеди место на Европското првенство, додека за втората позиција ќе се борат Португалија (11 бода) и Србија (10 бода).

Европско првенство, Квалификации, Група B
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 УкраинаУкраина 8 6 2 0 17:4 13 20
2 ПортугалијаПортугалија 8 5 2 1 22:6 16 17
3 СрбијаСрбија 8 4 2 2 17:17 0 14
4 ЛуксембургЛуксембург 8 1 1 6 7:16 -9 4
5 ЛитванијаЛитванија 8 0 1 7 5:25 -20 1