Херој во и надвор од теренот: По победата над туморот, постигна два значајни гола за својот тим (ВИДЕО)

Стефан Тескер, фудбалер од холандскиот Твенте, овој викенд се врати на теренот по неколкумесечна пауза. Тескер го доби најважниот натпревар во својот живот, успешно лечејќи го туморот. 

По долгата пауза, Тескер беше дочекан со силни овации за поддршка од трибините на дуелот против АЗ Алкмар. И не само што испадна херој по добиената битка со ракот, испадна и херој на натпреварот постигнувајќи два гола, кои му донесоа значаен бод на Твенте (2-2).