• Иван Димовски

Потенцијалниот репрезентативец на Македонија и поранешен фудбалер на Работнички, Себастијан Херера постигна нов гол за МТК Будимпешта, во гостинската победа кај Дебрецен од 1-2 (0-1), со што се пласира во полуфиналето на Купот во Унгарија.
Екипата каде што настапува и младинскиот репрезентативец Бојан Миовски кој одигра 20 минути во четвртфиналето, стигна до победата со по еден гол во двете полувремиња, без оглед на тоа што домаќинот еднаш израмни.
- Голот на Херера:
Себастијан Херера беше стрелец на првиот погодок, откако по корнер погоди од околу 20 метри со лева за 0-1 во 42. минута. Џуџак израмни на 1-1 веднаш на стартот од продолжението, но само три минути им беа потребни на момците од Будимпешта преку Варга да се вратат во предност.
Во полуфиналето место има и Кире Ристевски со Ујпешт откако вчера победи кај Мезоковсд (1-2), а денес победа запиша и МОЛ Фехервар на Висар Муслиу над Будафоки (2-0). Така, три од четирите екипи каде што играат Македонци ќе се натпреваруваат за медали, додека без полуфинале остана само Ивановски со Диосѓер.