ВИДЕО: Херера со првиот официјален гол, херој на МТК во градското дерби

Екипата на МТК Будимпешта славеше со 3-1 против градскиот ривал Хонвед во второто коло на унгарската ОТП Банк лига. Меѓу стрелците се запиша Себастијан Херера кој од Работнички летово замина во Унгарија, а тој го постигна голот за 2-1 кој можеби беше клучен момент на средбата. 

Откако на самиот старт уште во 16. минута предност за МТК донесе Даниел Гера, но радоста траеше само десет минути бидејќи брзото израмнување го донесе Газдаг. 

Домаќинот играше подобро и притискаше за втор погодок, а тоа му успеа на Херера во 66. минута од мечот. Колумбиецот со големо искуство во нашата ПМФЛ прво биеше со глава по нафрлување, но голманот му одбрани, ама тој се избори и одбиената топка ја смести во мрежата. 

  • Голот на Себастијан Херера: 

До крајот на средбата победата на МТК ја потврди Мате Кантона, кој само 11 минути по Херера го пронајде патот до мрежата на Хонвед. 

Веќе во следното коло МТК ќе гостува кај Диосѓер на Мирко Ивановски, кој можеби ќе го пропушти натпреварот поради црвениот картон.