Херера покажа дека е мајстор: Даде ЕВРОГОЛ за победа на Борац над Жељо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борац Бања Лука славеа победа на гостувањето кај Железничар (0-1) во натпреварот од 25. коло на Првата лига во Босна и Херцеговина. 

Овој натпревар го реши бекот со македонски пасош Себастијан Херера. Течеше 91. минута кога играчот на Борац изведе слободен удар од позиција скратен корнер, шутна во подалечниот агол и го лобува противничкиот голман.

  • Атрактивниот гол на Херера за победа на Борац:

Себастијан Херера е една од опциите кои селекторот Гоце Седлоски ги разгледува за десната бековска позиција во репрезентацијата на Македонија.