Херера ја напушти ПМФЛ и замина кај Шишковски и Трајчевски на Кипар

Колумбискиот фудбалер со македонски пасош, Себастијан Херера, повторно замина во странство и ќе го носи дресот на Докса Катокопиас од Кипар каде Македонија има двајца фудбалери веќе подолго време.

Дефанзивецот беше дел од ПМФЛ каде играше за Брегалница, а иако по разделбата со штипјани се најавуваше трансфер во Шкендија, тој не се реализира. Така, Херера го избра Кипар, каде ќе игра во истата екипа каде се Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.

Тројката веќе играше еднаш заедно, во редовите на Работнички. Покрај за Брегалница и Работнички, Херера кој игра на десната бековска позиција беше дел уште и од унгарски МТК.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.