Херенвен одбива да го потврди потенцијалниот договор со Елиф Елмас

Според медиумите во Холандија, екипата на Херенвен во септември пред две години потпишалa договор со младиот македонски талент, Елиф Елмас.

Фудбалерот на Работнички оваа недела дебитираше за националната селекција на мечот против Шпанија и во вториот дел покажа зошто е еден од најдобрите млади играчи во нашата земја. Шпекулацијата околу неговата преселба во Ередивизие не е нова, истата започнала уште во 2015 година, но не е потврдена од страна на холандскиот прволигаш.

Еден од техничките директори на екипата на прашањето дали Елмас од наредната сезона ќе се пресели во холандското првенство кратко изјави: „Не сум тука да зборувам на таа тема“.

Причина за ваквата постапка е вниманието кое го привлекува 17-годишникот, кого во Скопје го следеа скаути од Манчестер Сити, Интер, Бенфика и Галатасарај. Според информациите од Холандија, Елмас ќе се пресели во Херенвен на 27 септември, кога ќе наполни 18 години.