Хендикеп за Реал, Марсело го пропушта остатокот од сезоната!

Марсело

Докторскиот тим на Реал Мадрид го известил Зинедин Зидан дека Марсело нема да биде во конкуренција до крајот на тековната сезона во Примера.

Бразилецот има повреда на задната ложа на десната нога и ќе биде недостапен за настап во наредните три недели. Тоа значи дека ќе го пропушти завршниот дел од сезоната, поточно последните три дуели на „кралевите“.

Ова е шеста повреда за левиот бек на мадриѓани, кој ќе се фокусира да заздрави навреме за да биде дел од реваншот во осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Реал има три финалиња пред себе и +4 во однос на Барса во трката за титулата во шпанскиот шампионат.