Хендерсон: Разочарани сме, до последен ден верувавме во титулата

Џордан Хендерсон, капитенот на  Ливерпул, смета дека неговата екипа треба да биде горда, иако не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата. 

Ливерпул до последно коло беше во игра за престижниот трофеј, но за противник го имаше фантастичниот Манчестер Сити, кој со 14 последователни победи ја одбрани титула то англискиот шампионат. 

„Секако дека сме разочарани. Веруваме до последен ден дека можеме да ја грабнеме титулата. Но, по само неколку дена можеме да бидеме само горди на она што го направивме оваа сезона и како до последно се боревме со Сити. Честитки до Сити за освоениот трофеј, заслужено им е“, рече Хендерсон. 

Во еден момент Ливерпул имаше дури седум бода предност во однос на Сити, но пулените на Пеп Гвардиола одиграа неверојатен втор дел од сезоната и заслужено го освоија својот шести трофеј од англиското првенство, четврти од Премиер лигата.