ВИДЕО: Хендерсон и Кејн ги казнија промашувањата на Сенегалците

Фудбалската репрезентација на Англија долго се мачеше, а можеше многу лесно да прими и неколку голови од Сенегал во осминафиналето на Светското првенство. Сепак, откако Исмаила Сар и Булаје Диа не реализираа добри шанси, пристигна казната. 

Резултатот го отвори Џордан Хендерсон, со мирен удар од пеналтикот во 38. минута по проигрување на Белингем за 1-0. Кога сите го чекаа крајот на полувремето, вториот шок за Сенегалците дојде по погодокот на Хари Кејн во третата минута на судиското продолжение. 

Голот на Хендерсон за 1-0: 

Голот на Кејн за 2-0:

„Гордиот Албион“ не одигра којзнае какво полувреме, меѓутоа сигурно зачекори кон следната фаза на Мундијалот. 

Состави

Lee Carsley

4-1-4-1

    Алиу Сисе

    4-4-1-1