ВИДЕО: Хаверц погоди во 97. минута, Арсенал е во финалето на Лига Купот!

Екипата на Арсенал се пласира во финалето на англискиот Лига Куп, откако победи со минимални 1-0 (0-0) во возвратниот полуфинален дуел против вечниот градски ривал, Челзи.

Денешниот натпревар не донесе преголеми возбудувања на двете страни, ривалите се заканија само по еднаш во рамките на голот во првиот дел, но сепак домаќинот успеа да постигне гол во судиското надополнување, кога Каи Хаверц погоди за 1-0 и донесе голема радост на „Емирати“. 

  • Извештај од натпреварот:

Арсенал успеа да го скроти ривалот и го затвори мечот со минимални 1-0, но сосема доволни за пласман во финалето, каде за противник ќе го имаат подобриот од двомечот меѓу Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити. 

„Граѓаните“ на Пеп Гвардиола се во одлична позиција, затоа што славеа со 0-2 на првиот натпревар одигран на „Сент Џејмс Парк“.