ВИДЕО: Хаверц ја продолжи гол-серијата и немилосрдно „удри“ и по Менхенгладбах

По двата гола во Бремен во понеделникот, продолжува серијата на Каи Хаверц по рестарот на Бундеслигата. Младиот креативец постигна прекрасен гол, за водство на Баер Леверкузен во Менхенгладбах. 

Уште по седум минути поведоа гостите од Леверкузен. Белараби упати прецизна топка по земја до Хаверц, а овој сам пред Швајцарецот Зомер, со генијален удар ја погоди домашната мрежа (0-1). 

  • Голот на Хаверц против Борусија Менхенгладбах: 

Екипата на Питер Бош се качува на табелата и со победа попладнево ќе влезе во групата на тимови кои следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.