Хасенхутл: Знам како да се победи Челзи – ти треба само Карим Бензема!

Ралф Хасенхутл, менаџерот на Саутемптон, изјави дека неговиот тим ќе направи сè за да го натера Челзи да одигра уште еден тежок натпревар. 

Тимот на Томас Тухел е во мини-криза, откако загуби од Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3-1), а претходно беше поразен од Брентфорд (4-1) во домашниот шампионат.

„Научив дека ви треба напаѓач како Карим Бензема за да се победи Челзи. Реал Мадрид изненадувачки беше многу добар. Во првиот дел Челзи не беше доволно добар за меч од Лигата на шампионите, но Томас Тухел го знае тоа.

Очигледно е дека тие се под влијание на поразот од Брентфорд. Немаа доволно самодоверба... И големите тимови понекогаш се мачат. Лошата работа е што тоа не се случува толку често. Ќе биде многу тешко, но ќе го дадеме максимумот за да извлечеме позитивен резултат“, изјави Хасенхутл.

Европскиот шампион в сабота ќе се судри со „светците“ во рамки од 32. коло во Премиер лигата.