Хасани: Ќе дадеме максимум со Австрија, се надевам на добар резултат

Репрезентацијата на Македонија во фудбал е во Букурешт и го чека првиот натпревар на Европскиот шампионат против Австрија в недела. 

Играчите се подготвени, останува да се договорат уште последните детали и да се одработи официјалниот тренинг на тимот утре. Пред дуелот со Австријците за националниот сервис зборуваше Ферхан Хасани. 

„Долго време го чекавме овој момент и пласманот на едно големо натпреварување. На натпреварот против Австрија треба да влеземе како на сите претходни што сме ги одиграле досега. Да го дадеме максимумот на овој натпреварот и се надевам на добар резултат кој ќе ни биде потребен и за останатите натпревари од групата“, смета Хасани. 

Покрај Австрија, Македонија ќе се пресмета со Украина и Холандија во рамките на групата Ц, во надеж дека по трите кола ќе се најде на едно од првите три места.