ВИДЕО: Харуи донесе ерупција на „Бентегоди“, Верона ја расплака Рома

Екипата на Рома им приреди ново непријатно изненадување на своите навивачи и загуби од Верона со конечни 3-2 (2-1) во натпреварот од 11. коло во италијанската Серија А. 

Домашниот состав заслужено дојде до победата која ја најави уште во првиот дел, а во второто полувреме херојски се избори за трите бода и покрај силниот налет на „волчицата“ од Рим. Верона водеше со 2-1 на паузата меѓу двете полувремиња, а Рома во вториот дел се врати во игра по голот на Украинецот Артем Довбик, кој стрелаше прецизно во 53. минута. 

Верона не се откажа од намерата да дојде до ново водство и покрај големата иницијатива на гостите, а наградата конечно пристигна во 88. минута, кога Мароканецот Абду Харуи донесе вистинска ерупција на „Бентегоди“ и ги постави конечните 3-2. 

  • Верона - Рома 3-2:

За Верона ова е четврти триумф сезонава, со кој се искачува на 12. позиција на табелата, додека Рома е едно место погоре, со бод повеќе од денешниот ривал. 

  • Торино - Фиорентина 0-1:

Фиорентина продолжува со одличните игри во Серија А и славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај екипата на Торино. Мојзе Кин одново беше херој на „виолетовите“ и го постигна единствениот гол на мечот во 41. минута. За Фиорентина ова е петта победа во низа, а во следното коло ќе ја пречека Верона на својот „Артемио Франки“. 

Состави

Паоло Занети

4-2-3-1

    Клаудио Раниери

    3-4-2-1