Харт не се предава: Разбирам дека не можам да играм во Реал Мадрид, но сè уште...

Поранешниот чувар на мрежата на англиската репрезентација, Џо Харт е подготвен за нов интернационален предизвик, со цел да ја „спаси“ својата кариера, која се движи во надолна линија.

Искусниот голман својот последен премиерлигашки натпревар го одигра во 2018 година, кога неговиот Барнли загуби со 5-1 од Евертон, па од тогаш ја грее клупата на тимот предводен од Шон Дајч. 

„Мојата желба за фудбал сè уште е голема. Разбирам дека не можам да бранам за Реал Мадрид, но мислам дека не ги загубив вештините, знам фудбал и сакам да бидам дел од некој клуб каде ќе можам да го дадам мојот придонес. Без разлика дали тоа ќе биде во Англија или не, сакам само да бидам меѓу стативите“, вели 33-годишниот чувар на мрежата. 

Харт својот најголем блесок во кариерата го имаше во Манчестер Сити, клуб со кој освои две титули во Премиер лигата, но по заминувањето од „Итихад“ имаше неуспешни сезони во Торино и Вест Хем.