• Иван Димовски

Хари Кејн веднаш почна да му се исплаќа на Баерн Минхен, бидејќи на стартот на сезоната неговиот трансфер изгледа како полн погодок. Баварците му платија стотина милиони евра на Тотенхем, што некои навивачи го критикуваа бидејќи Кејн има 30 години.
Сепак, тој стана рекордер на Баерн. Во првите пет бундеслигашки натпревари тој даде седум погодоци, откако в саботата му даде хет-трик на Бохум (7-0). Кејн е првиот фудбалер кој на петте први натпревари дал седум гола за гигантот од Минхен.
Досега најмногу голови во првите пет меча за Баерн имаа Марио Манџукиќ, Герд Милер и Мирослав Клосе, кои своевремено стрелаа по пет пати.
Кејн постигнуваше голови против Вердер и Леверкузен по еден, двапати стрела со Аугсбург, а три со Бохум.