Хари Кејн ита кон најуспешната сезона во кариерата, веќе стана најдобар Англичанец во ЛШ

Хари Кејн се чини дека оваа сезона конечно ќе го скрши мразот и конечно ќе освои трофеј. Неговиот Баерн Минхен е фаворит во трката за трофејот во Бундеслигата, а исто така ги продолжи настапите во Лигата на шампионите.

Капитенот на Англија никогаш нема освоено трофеј и покрај тоа што минатата сезона со Баварците постигна 44 гола и 12 асистенции на 45 натпревари, не подигна ниту еден трофеј. Сепак, тоа најверојатно ќе се мени оваа сезона, бидејќи е тешко да се поверува дека Баварците ќе ја загубат трката во домашниот шампионат.

Кејн оваа сезона го собори и својот личен рекорд во Лигата на шампионите на УЕФА, постигнувајќи гол во реваншот против Баер Леверкузен и додавајќи асистенција до Дејвис, па моментално има 10 гола и две асистенции. Во оваа сезона од елитното натпреварување поуспешни од него се асот на Барселона, Рафиња со единаесет гола и шест асистенции и Гираси од Дортмунд со десет гола и три асистенции.

Минатата сезона Кејн постигна осум гола и додаде четири асистенции во Лигата на шампионите на УЕФА, со што стана најпродуктивниот англиски играч во елитното натпреварување. Оваа сезона го зголеми бројот на голови и стана првиот Англичанец со „десет плус“ гола во една сезона. Му остануваат само уште најмалку два меча против Интер во четвртфиналето за да го зголеми тој број.