Хапоел со играч помалку ја шокира Ц. Звезда: Белградскиот гигант со негатива се враќа од Унгарија

Црвена Звезда направи неочекуван чекор назад во квалификациите за Лигата на шампионите, откако загуби со 1-0 од Хапоел Бер Шева во првиот натпревар од третото квалификациско коло.

  • Извештај од натпреварот: 

Поради безбедносната ситуација во Израел, мечот се одигра на неутрален терен во унгарскиот Сомбатхељ, каде што белградскиот тим, и покрај фаворитската улога, не успеа да дојде до позитивен резултат.

Избраниците на Дејан Станковиќ имаа повеќе иницијатива, но тешко создаваа вистински шанси против цврстата одбрана на израелскиот претставник. На спротивната страна Хапоел ја искористи првата и по подарокот од Лукасен, Ахмед во 38 минута постигна гол за предност од 1-0, резултат со кој заврши првиот дел.

Во второто полувреме домаќинот постигна и втор гол, но тој беше поништен поради офсајд. Веднаш потоа Балтаха беше исклучен поради два жолти картони, но Црвена Звезда не успеа да ја искористи бројчаната предноста и шансата за пресврт ќе ја бара на реваншот, кој е закажан за 11 август на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Состави

Дејан Станковиќ

3-5-2