Хаотични и насилни сцени во Крагуевац: Навивачите ги нападнаа своите фудбалери (ВИДЕО)

Хаотични сцени го одбележаа крајот на натпреварот меѓу Раднички Крагуевац и Јавор од последното коло од српската Суперлига, кој заврши без победник 2-2, резултат што му обезбеди опстанок на домашниот тим во елитата. 

Според српските медиуми и снимките кои се појавија на социјалните мрежи, веднаш по последниот судиски свиреж дошло до голема мешаница на теренот и на трибините на стадионот „Чика Дача“ во Крагуевац. Дел од навивачите влегле на теренот, а имало и физички пресметки, туркања и фрлање предмети. Полицијата и обезбедувањето интервенирале за да спречат уште поголем инцидент.

Тензиите дополнително се зголемиле поради големиот влог на натпреварот, а според дел од извештаите имало расправии и меѓу играчите на двата тима уште за време на средбата. Се очекува српската фудбалска федерација да отвори дисциплинска постапка поради немилите сцени кои го засенија драматичниот финиш на сезоната.