Хаосот од „Пољуд“ се прели на улиците во Сплит: Навивачите се судрија во повеќе наврати (ВИДЕО)

Големото хрватско дерби во рамките на полуфиналето на Купот меѓу Хајдук и Динамо (0-1) понуди немили сцени. Најверните навивачи на сплитскиот домаќин по крајот на мечот пронајдоа пат до тревникот на „Пољуд“, сакајќи да се судрат со гостинските фанови.

<<< - ПОВРЗАНО - Скандал на „Пољуд“: „Торцида“ влезе на терен и се упати кон „БББ“, играчите на Динамо побегнаа (ФОТО)

Тука не запре хаосот, бидејќи истиот се прели и на улиците во Сплит околу стадионот. На социјалните мрежи се појавија безброј видеа од различни судири на навивачите. 

  • Дел од хаосот на улиците во Сплит:

Засега нема полициски информации околу тоа дали и колку од хулиганите се уапсени. Со сигурност може да се каже само дека ситуацијата излезе од контрола и безбедносните сили во најмала рака потфрлија.