Хаос во Солун: Навивачите на ПАОК го прекинаа мечот и се тепаа со полицијата (ВИДЕО)

Како и многупати досега, така и денешниот дуел помеѓу ПАОК и Олимпијакос се покажа дека овие два тима не можат да одиграат натпревар без инциденти. Во полуфиналето на Купот на Грција, на натпреварот одигран во Солун, навивачите на ПАОК незадоволни од тоа што нивните миленици губат со 1-2, влегоа во теренот и го прекинаа мечот во 90. минута.

Најпрво беше погоден гостинскиот тренер Марко Силва со чаша со вода, по што падна на теренот, па следеше канонада на предмети кон него од разбеснетите навивачи на ПАОК. Судијата ги предупреди домашните фанови да престанат да фрлаат со предмети, но тоа како да беше знак да влезат на теренот и да направат општ хаос, во кој почнаа битка и со полицијата.