Хаос во Словенија: Тренерот на Марибор заминува по само 16 дена на клупата!

Црногорскиот тренер Радомир Ѓаловиќ е пред заминување од словенечкиот Марибор поради тепачка во која бил удрен во главата, нешто што било окарактеризирано како огромно непочитување кон него. 

На последниот тренинг на Марибор се случила тепачка помеѓу двајца играчи - Омар Рекико и Бенџамин Тете, а откако Ѓаловиќ се обидел да ги смири страстите и да ги раздели играчите - наводно и самиот добил удар во големиот хаос што настанал.

42-годишникот изјави дека тоа го смета за сериозно непочитување и одлучи дека повеќе не сака да биде дел од тој колектив.

Доколку Ѓаловиќ ја напушти клупата, тоа ќе биде навистина шокантен крај на неговата приказна во Марибор, од причина што откако дојде на клупата на тимот постигна максимален учинок од три победи во три натпревари. Неговиот ангажман започна пред само 16 денови. 

ФОТО/PHOTO: NK Maribor/Facebook