Хаос во Ротердам: Крвава главата на Класен, Тадиќ и Кокча во скандалозен конфликт (ВИДЕО)

Ајакс вечерва како гостин го победи Феенорд со 1-2 и се пласира во финалето на Купот на Холандија. Сепак, натпреварот го одбележа судирот меѓу Душан Тадиќ и Оркун Кокча, а српскиот фудбалер многумина го обвинија дека на скандалозен начин го исмејува Турчинот за неговиот пост.

Кокчу е капитен на Феенорд и веројатно прва ѕвезда на овој клуб, а вечерва тој и Тадиќ влегоа во вербален дуел, што создаде вистински хаос на теренот, поради што натпреварт беше и прекина. Тие прво вербално се судрија, а потоа Кокчу сакаше физички да го нападне Тадиќ.

Потоа навивачите почнаа да фрлаат предмети кон играчите на Ајакс и го погодија Дејви Класен во глава, поради што судијата го прекина натпреварот. Прекинот траеше извесно време, но фудбалерите на Ајакс решија повторно да излезат на терен и да го продолжат натпреварот без оглед на тоа што Класен крвареше.