ВИДЕО: Хаос во Мајами, колумбиските навивачи преку ВЕНТИЛАЦИЈАТА влегуваа на стадионот

Финалето на Копа Америка помеѓу Колумбија и Аргентина, очекувано, донесе огромен интерес кај навивачите, но пред почетокот на мечот имаше илјадници луѓе кои немаа билет и се создаде голем хаос кој резултираше со одложување на почетокот на мечот. 

Колумбиските фанови се обидуваа на секаков начин да влезат на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, а дел од нив дури се обидуваа да влезат и преку системот за вентилација! 

Имаше и такви кои постојано ја прескокнуваа оградата и се обидуваа да го „пробијат“ обезбедувањето, па веројатно дел од нив и успеале во својата намера. За среќа, во целиот хаос немаше ниту еден повреден навивач, но службите за безбедност имаа полни раце работа. 

За потсетување, Аргентина ја совлада Колумбија со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута од натпреварот. 

Состави

Лионел Скалони

4-4-2

    Nestor Gabriel Lorenzo

    4-2-3-1