Хаос во Истанбул: Тепачка меѓу фудбалерите на Галатасарај и Штутгарт (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Галатасарај и Штутгарт во Лигата на шампионите донесе и жесток инцидент на теренот, откако во 37. минута дојде до масовно туркање меѓу фудбалерите на двата тима.

Сè започна покрај аут-линијата, каде што Крис Фирих и Бариш Јилмаз влегоа во дуел. Незадоволен од постојаното туркање од Германецот, фудбалерот на Галатасарај возврати, го одгурна Фирих и го собори на тревата.

Веднаш потоа во расправијата се вмеша и Дениз Ундав, кој го оттурна Јилмаз, по што настана вистински хаос. Играчите на двата тима притрчаа кон местото на инцидентот, но мешаницата набрзо се расчисти. 

Инаку, Галатасарај во тој момент имаше предност од 2-0, благодарение на двата гола на Алексеј Батраков во 12. и 15. минута.

Состави

Okan Buruk

4-2-3-1

    Sebastian Hoeness

    3-4-3