Хаос во Холандија: Домашните навивачи тргнаа да ги тепаат гостинските играчи (ВИДЕО)

Неверојатен хаос го прекина натпреварот меѓу Витесе и Феенорд, бидејќи пред крајот домашните навивачи сакаа физички да ги нападнат гостинските фудбалери. 

Дел од групата најжестоки фанови на Витесе се симнаа од трибина и почнаа да трчаат кон клупата на Феенорд, а тогаш играчите се повлекоа во тунелот. Домаќините останаа на теренот и ги задржаа навивачите за да спречат скандал од високи размери. 

Откако натпреварот беше некое време прекинат, потоа ситуацијата се смири и се доиграа преостанатите неколку минути, а Феенорд славеше со 1-2. 

Состави

Edward Sturing

4-2-3-1

    Arne Slot

    4-3-3