Хаос во босанското дерби: Транспаренти, тепачки и пиро-шоу од кое за малку не настрада играч (ВИДЕО)

Босанското дерби меѓу Вележ и Зрињски заврши со победа на домашната екипа од 3-0, а натпреварот го одбележаа неколку инциденти и прекини. 

Првиот прекин дојде поради тепачка на навивачите на Зрињски со полицијата и редарската служба. Потоа имаше и скандали поради истакнати транспаренти, па и тоа предизвика до пауза на натпреварот. 

Уште еден прекин имаше кога навивачите на Вележ направија вистинско пиротехничко шоу. Многу огномет тргна од зад еден на головите, а проблем направи една „ракета“ која полета кон теренот и за малку не го погоди Томислав Киш од Зрињски. За среќа надлежните потоа успеаја да воспостават ред и дербито се доигра.

Моментот на пиротехничкото шоу и „залетаната ракета“ погледнете го на ОВОЈ линк