Хаос во Белград: Тепачки меѓу навивачите на Ц. Звезда и Партизан, пукања и апсења! (ВИДЕО)

Ниту 173-то вечно дерби на српскиот фудбал нема убава увертира. Големи тепачки меѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан се забележани на улиците во Белград..

На видеото кои се објавуваат на социјалните мрежи може да се виде како летаат остри предмети, а хулиганите имаат палки и шипки. Се слушале и истрели, а полицијата брзо интервенираше. Очекувано имаше и апсења.

На денешното дерби Црвена Звезда игра за нова шампионска титула, додека Партизан за опстанок во шампионската трка.