ВИДЕО: Хаос во Амстердам, полицијата со солзавец ги сопре лутите навивачи на Ајакс 

Холандската полиција мораше да употреби солзавец и единица со коњи за да ги спречи нередите на навивачите на Ајакс по дербито со Феенорд.

На полувремето од натпреварот на арената „Јохан Кројф“, гостите имаа водство од 0-3. Развојот на ситуацијата на теренот не им се допадна на најжестоките симпатизери на Ајакс, кои потоа предизвикаа прекин на натпреварот, што ја продлабочи кризата во клубот.

Возбудувања имаше и надвор од стадионот, веднаш по официјалното прекинување на натпреварот. Бунтот продолжи пред стадионот, каде навивачите на Ајакс се обидоа да влезат во клупските простории, но беа спречени од полицијата.

Навивачите фрлаа камења, шишиња и факели кон интервентната полиција, која потоа реши да употреби солзавец за да ја смири толпата.