Хаос среде ноќ: Навивачите на Борац ги нападнаа гостите од Унгарија (ВИДЕО)

Во рамките на реваншот од плеј-офот за пласман во Лигата на Европа, екипата на Борац во Бања Лука ќе го дочека унгарски Ференцварош. Откако првиот меч во Будимпешта заврши без голови, патникот во главната фаза на ова натпреварување ќе се побара во Босна и Херцеговина. 

Ноќта пред мечот беше турбулентна и полицијата имаше полни раце работа. Навивачите на Борац решија да ги нападнат приврзаниците на Ференцварош кои допатуваа за натпреварот. Се работи за две навивачки групи кои имаа и близок контакт. 

Навивачката група „Лешинари“ на босанскиот тим со факели и палки ги нападна гостите, полицијата веднаш реагираше и успеа да спречи судирот да ескалира. 

Инаку, дел од Борац е македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски, но тој на последните два меча, меѓу кои и првиот дуел во Унгарија беше резерва.