Хаос пред дербито: Нападнат автобусот со играчите на Атлетико

Реванш натпреварот од полуфиналето на Копа дел Реј меѓу Барселона и Атлетико го чека својот старт, а пред дуелот беа видени лоши сцени.

Пред Барселона е исклучително тешка задача бидејќи има навистина голема негатива. Имено, Атлетико Мадрид во првиот натпревар славеше со дури 4-0, нешто што речиси никој не можеше да го предвиди.

Сега пред Барселона стои „планина“, но јасно е дека нема да се предаде без борба. Во пресрет на натпреварот беа забележани и многу грди сцени, бидејќи гостите имаа пеколен пречек.

Навивачи на Барселона го нападнаа автобусот во кој се наоѓаа фудбалерите на Атлетико Мадрид. Ги искршија стаклата на автобусот додека играчите биле внатре.