Хаос по турското дерби: Тегнење, борење и тепање, мораше да реагира и полицијата (ВИДЕО)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2-1 во големото турско дерби, но натпреварот доби скандалозна завршница, откако на теренот избувна физичка пресметка меѓу фудбалерите на двата тима.

Во конфликтот главни актери беа Керем Актуркоглу и унгарскиот репрезентативец Роланд Шалаи, кои први влегоа во конфронтација. Набргу во инцидентот се вклучија и останатите играчи, при што дел се обидуваа да ги смират страстите, но дел беа и погруби па имаше борење, тегнење и тепање.

Ситуацијата ескалираше до тој степен што мораше да интервенира и полицијата. На службените лица им беа потребни неколку минути за да ги раздвојат учесниците и да го стават инцидентот под контрола.