• Мартин Танасковски

Големото македонско дерби меѓу Вардар и Шкендија, кое заврши со победа на тетовскиот тим од 2-0, беше засенето од немили сцени по последниот судиски свиреж на арената во Скопје.
По завршувањето на натпреварот дојде до тензии меѓу фудбалерите на двете екипи, кои прераснаа во физичка пресметка на теренот. Дел од играчите влегоа во меѓусебни конфликти и се бркаа низ тревникот, додека нивните соиграчи и членовите на стручните штабови се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Благодарение на навремената реакција на присутните, инцидентот не прерасна во поголема тепачка, а страстите по одреден период беа смирени.
Се очекува надлежните органи и натпреварувачките комисии да го разгледаат целиот инцидент и да утврдат дали ќе има дополнителни санкции за учесниците во пресметката.




