Хаос по четвртфиналето: Турканици на играчите, ама и новинарите на Алжир и Нигерија! (ВИДЕО)

Селекцијата која што остана без пласман на Светското првенство, ќе игра полуфинале на Африканскиот Куп на нации. Нигерија во четвртфиналето ја покажа својата сила и го елиминира Алжир со победа од 0-2.

Овој натпревар предизвика многу тензија, а кулминацијата беше по крајот. На теренот синот на легендарниот Зинедин Зидан, Лука имаше што да им каже на нигериските фудбалери. Тој беше еден од иницијаторите на турканицата, а потоа се приклучија играчите и тренерите на двете селекции.

  • Турканиците на теренот по натпреварот:

Ситуацијата не се разреши само на теренот, бидејќи по натпреварот имаше скандал и во прес-центарот. Новинарите на Алжир и Нигерија имаа исто така турканица, а можеби и си разменија по некој удар.

  • Турканиците на новинарите во прес-центарот:

Нигеријците се пласираа во полуфиналето и таму ќе се судрат со домаќинот Мароко.