Хаос околу калчо-термините, Интер имаше барање – Наполи се закани со тужба

Смртта на папата Франциск направи поместувања во италијанскиот фудбал. Натпреварите кои требаше да се одиграат в понеденик беа одложени, а поместување доживејаа и средбите од 34. коло кои требаше да се играат в сабота. Тоа најголем проблем му направи на Интер кој в среда гостува кај Барселона во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. 

„Нераѕурите“ побараа од челниците на лигата нивниот натпревар против Рома да биде презакажан за нов термин, а единствен слободен им е 21 мај меѓу последните две калчо кола. Сепак, Рома одби такво нешто, а од Неапол пристигна дури и закана за дисциплинска постапка. Имено, ако натпреварот со Рома биде поместен, суспензиите на Михтарјан и Бастони кои се важни играчи ќе бидат отслужени следниот викенд против Верона, а тоа не им се допадна во Наполи. 

В сабота нема да има италијански фудбал поради погребот на папата Франциск во Рим. Поради тоа, сите средби се поместени и ќе се играат в недела и понеделник. 

Спорен беше само натпреварот на Интер и Рома, ама и тој е закажан за последниот ден од оваа седмица во терминот од 15:00 часот.