Хаос на улиците на Ротердам, полицијата апсеше хулигани

Повеќе од сто луѓе беа уапсени во центарот на Ротердам во нередите по натпреварот помеѓу Феенорд и Го Ахед Иглс, на кој Феенорд ја освои шампионската титула.

„Холандски тајмс“ пишува дека полицијата интервенирала во централната ротердамска улица „Кунсингел“ поради нападите на навивачите врз полицајците и хулиганското однесување.

Се додава дека полицијата меѓу другото употребила димни бомби и воден топ. Според порталот, центарот на Ротердам бил исполнет со навивачи на Феенорд, а околу полноќ полицијата ги повикала луѓето „љубезно, но итно“ да си одат дома.

Во центарот на градот имало многу припадници на интервентната полиција, но според портпаролот на полицијата по првичните апсења тие не морале повторно да интервенираат.

Во Ротердам се очекуваат десетици илјади навивачи на Феенорд да ја прослават титулата национален шампион, која започнува напладне, а стотици полицајци ќе бидат распоредени на улиците на градот.