Хаос во Рим: Лацио не почитуваше фер-плеј и даде гол, од Интер полудеа (ВИДЕО)

Екипата на Лацио на домашен терен славеше над Интер (3-1), но овој натпревар го одбележа третиот гол на средбата за време на кој играчите на клубот од Рим заборавија што е тоа фер-плеј и го навлекоа гневот на „нераѕурите“.

Лацио направи целосен пресврт во 81. минута откако во мрежата на Хандановиќ погоди Андерсон. Играчите на Интер беа лути и бесни затоа што фудбалерите на Лацио не ја исфрлија топката во аут, иако еден од противниците се жалеше на повреда.

  • Хаосот на „Олимпико“:

Сепак, судиите го признаа голот на Лацио, а за инцидентот главниот арбитар мораше да покаже неколку жолти картони за да се смират страстите.

Состави

Маурицио Сари

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-1-1