ВИДЕО: Хаос на меч во Албанија - тупаници, клоци и раскрварени глави!

Натпреварот од албанската Супериорна Категорија меѓу Билис и Лачи заврши со победа на гостите од 0-1, со погодок во второто полувреме на Малота. 

Сепак, резултатот на овој меч падна во втор план бидејќи непосредно пред водечкиот гол за Лачи се случи масовна тепачка. Страстите зовреа на теренот по еден остар старт на Набуензе, тој удри противник и доби црвен картон, а двете екипи влегоа во жесток клинч. 

  • Тепачката во Албанија: 

Исходот на оваа мешаница беше уште еден црвен картон, во редовите на домашниот тим. Сепак, на снимката јасно се гледа дека лице надвор од теренот во обид да раздвои двајца фудбалери доби раскрварено чело, а беа разменети бројни боксови, клоци и многу разни удари.