ВИДЕО: Хаос на „Бонбоњера“ – голманот на Бока сакаше да се тепа со своите навивачи!

Екипата на Бока Јуниорс пред својата публика забележа пораз во големото дерби со Ривер Плата, а по последниот судиски свиреж за малку беше избегнат голем инцидент. 

Имено, откако домашните фудбалери се упатуваа кон соблекувалната, беа навредувани од трибините, а таквото однесување на навивачите не можеше да го трпи капитенот Серхио Ромеро, кој тргна да се тепа со нив.

Додека дел од навивачите се обидуваа да го нападнат голманот, други се обидуваа да ја смират ситуацијата. Благодарение на интервенцијата на играчите и персоналот, конфликтот на крај беше прекинат и мина без последици.