ВИДЕО: Хаос, лудило, голема еуфорија – пристигна Дани Алвес! 

Голем број на навивачи на Сао Паоло како вистински херој го дочекаа најновото засилување на својот тим, Дани Алвес. Утрово, аеродромот „Конгоас“ во Сао Паоло беше окупиран од фанови на бразилскиот гигант, кои сакаа уште од самиот старт да му посакаат топло добредојде на новата ѕвезда на тимот.

Искусниот бразилски репрезентативец по завршувањето на својата авантура во редовите на ПСЖ, се реши кариерата да ја продолжи во татковината и денес пристигна во Бразил за да потпише договор со легендарниот клуб. 

Иако има 36 години, еден од најтрофејните фудбалери во историјата на оваа игра, сè уште не се откажува, а според првичните најави со Сао Паоло ќе потпише договор до 2022 година, односно до почетокот на следното Светско првенство кое се игра во Катар.